Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Колкав е растот на БДП во 2016 во однос на една година претходно?

СТАТИСТИКА: Колкав е растот на БДП во 2016 во однос на една година претходно?

Бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во 
однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015  година, изнесува 2.9%.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: (Е, Ж и З)  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7%).

Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2.6%, а во структурата  на БДП учествува со 82.1%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50.0%.  Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7.7%.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7%, машините и опремата со 30.1%, а останатите инвестиции со 7.2%.

За споредба,  бруто-домашниот производ во 2015 година изнесуваше 558 240 милиони денари и во  однос на 2014 година номинално е зголемен за 5.8%. Реалната стапка на раст на БДП во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 3.8%.

Слично

Поврзани вести