Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Колкав е бројот на работниците во индустријата?

СТАТИСТИКА: Колкав е бројот на работниците во индустријата?

Индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 98.6.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст од 3.2%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.8%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.6 %. Ова е наведено во соопштението на Државниот завод за статистика. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 1.4% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%, додека пораст бележи кај енергија за 3.1%, капитални 
производи за 4.3% и трајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на периодот јануари - октомври лани е  100.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во  септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 99.1 


Слично

Поврзани вести