Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Извозот пораснал, колкав е трговскиот дефицит?

СТАТИСТИКА: Извозот пораснал, колкав е трговскиот дефицит?

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-јули 2017 година, изнесува 171 341 753 илјади денари и бележи пораст од 13.7% во 
однос на истиот период од минатата година. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јули 2017 година,  изнесува 233 025 976 илјади денари, што е за 10.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2017 година, изнесува 61 684 224 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017 е 73.5% .

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и  нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година.

Слично

Поврзани вести