Статистика измери раст на индустриското производство
Раст од 0,6% забележа индустриското производство во март годинава во однос на март лани, додека во првиот квартал годинава во однос на првите три месеци од 2013 година бележи раст од три проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, производството во март 2014 година, во однос на март 2013 година, најголем раст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 отсто и Капитални производи за 3,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,2 отсто.
Слично
