Статистика измери намалени цени и трошоци на живот
Трошоците на живот во Македонија во април годинава се намалиле за 1,1% во споредба со истиот месец лани, пресмета Државниот завод за статистика.
Во истовреме, цените се намалени за 1,5%. Во однос на март, пак, и трошоците на живот и цените се на речиси исто ниво.
Од ланскиот април до овогодинешниот, најмногу се зголемиле трошоците за здравје - за 9,9% и на алкохолни пијалоци и тутун - за 2,8%. Најмногу се намалиле трошоците за храна и безалкохолни пијалоци - за 2,7%, за транспорт - 1,7% и за ресторани и хотели - исто така 1,7%.
Во цените, најголем раст има кај алкохолните пијалоци и тоа: пивото за 12,1%, жестоките пијалоци 7,8% и виното за 2,1%. Намалување е забележано во цените на храната и тоа речиси во сите сегменти: месо, риба, масло, овошје, зеленчук, чоколади, кондиторски производи... Поскапување има кај лебот и житата и кај млекото, сирењето и јајцата.
Од март до април, за само еден месец, најмногу поскапело овошјето - за 4,7% и зеленчукот - за 2,6%.
Слично
