Статистика: Големо поскапување на храната
Во тршците за живот што ги објави Заводот за статистика за јануари, има поскапување на храната за над 5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година.
Најголемо поскапување има кај овошјето. Сето ова се случува во период кога цените на храната на светско ниво паѓаат.
Сеопшто пресметано според статистичките критериуми, инфлацијата е 3,2 проценти, но најзагрижувачко секако е континуираното забележително поскапување на храната.
Иако во однос на инфлацијата од 4,1 процент, со колку што ја завршивме 2025 година, сега има благо попуштање, повторно се забележува дека за една година, поскапување има во речиси сите ставки, освен кај транспортот и услугите во образование.
Владините проекции за годинава се дека инфлацијата ќе биде под 3 отсто.
