Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Бруто домашниот производ пораснал за 4,1%

СТАТИСТИКА: Бруто домашниот производ пораснал за 4,1%
Бруто-домашниот производ на Македонија во третото тримесечје на 2014-та година се зголемил за 4,1%, покажуваат проценките на Државниот завод за статистика. Според овие податоци, најголем раст имало во преработувачката индустрија (16, 6%), а растеле и уметноста, забавата и рекреацијата, другите услужни дејности, дејностите на домаќинствата како работодавачи и дејностите на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби (по 11,6%), стручните, научните и техничките дејности и административните и помошни услужни дејности (за 8,2%), како и финансиските дејности и дејности на осигурување (од 7,5%). Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1,7%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 67,9%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,8%.  
Слично

Поврзани вести