Стартуваше бесплатниот превоз за студенти и средношколци
Од Нова година, стартуваа поволностите за студентите и средношколците. Со нив се предвидува бесплатен јавен превоз за редовните студенти на дражавните факултети во Македонија.
За да го користат бесплатниот превоз ние што поседуваат електронски картички, треба на продажните места во градот да ги запишат електронските билети.
Оние што немаат картички, во еден од осумте инфо центри на ЈСП, со документација за редовност, индекс и лична карта, треба да побараат издавање на овие катрички.
Од оваа година стартува и проектот „средношколска среда”. Со него, средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ја користат железницата, жичарницата до Водно и бесплатно да посетуваат културни установи во земјата.
Слично
