Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува Саемот за мебел со рекорден број излагачи

Стартува Саемот за мебел со рекорден број излагачи
Повеќе од 430 брендови и 180 излагачи од Македонија и странство ќе се претстават на овогодинешниот јубилеен 40-ти Саем за мебел во Скопје, што започнува утре. Годинава има за 20 отсто повеќе домашни компании, трговци и производители на мебел кои ќе учествуваат на ова саемско случување. Покрај домашните, ќе има и компании од Турција, Шведска, Србија, Хрватска, Италија и Словенија. „Саемот за мебел се издвојува по големина од другите саеми, но и според бројот на изложувачи и посетеност.По стагнација од две години, оваа година се бележи раст на бројот на трговци и производители на мебел кои ќе се претстават. Ова говори дека индустријата за мебел кој е важна индустриска гранка, доживува подем,“ истакна Даниела Глигоровска директор на Скопски саем. За првпат годинава ќе се одржи и работилница во организација на Скопски саем и Skopje Design Week на која ќе се говори за стратешко инвестирање во дизајнот од страна на македонските производители на мебел, што би претставувало формула за успех за извоз на македонски мебел. „Конкуренцијата меѓу домашните и странските производители на мебел е голема, оттука дизајнот е клучот за освојување на нови пазари. Потенцијалот на дизајн секторот е недоволно искористен“, изјави Александар Велиновски, од Skopje Design Week. Околу 50 илјади граѓани се очекува да ја посетат оваа саемска манифестација.  
Слично

Поврзани вести