Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува распределбата на ЦЕМТ дозволи за 2013

Стартува распределбата на ЦЕМТ дозволи за 2013
Од среда стартува годишното аплицирање за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2013 година , како и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за следната година. Аплицирањето е по електронски пат. “ Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk  заклучно со 15.10.2012 година до 24:00 часот.” , информираат од Министерството за тран спорт и врски. За 2013 година на располагање ќе има 1200 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандард како и 800 месечни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 4 и Еуро 3 стандард. Процентот на покриеност со годишни ЦЕМТ дозволи на возилата со Еуро 5 стандард ќе биде од 78% на ниво на цела Македонија.    
Слично

Поврзани вести