Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува протестот пред ВМРО ДПМНЕ, буџетските случувања ја кренаа тензијата!

Стартува протестот пред ВМРО ДПМНЕ, буџетските случувања ја кренаа тензијата!
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија наскоро ќе почне мирен протест пред централното седиште на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, во знак на протест за буџетските случувања, во кои пратениците на партијата беа отстранети од салата, а буџетот донесен без опозиција.
Од СДСМ велат дека за денеска не очекуваат било какви инциденти или насилства. Учесниците на протестот ќе тргнат од Јужен булевар зад трговскиот центар Рамстор и ќе се движат по булеварот Мито Хаџи Василев – Јасмин, потоа покрај хотелот Бристол и по улицата Даме Груев ќе пристигнат пред седиштетото на  ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, извештаите од теренот јавуваат дека автобусите со активисти или приврзаници на СДСМ од внатрешноста не можат да стасаат до Скопје поради задржување на возилата од страна на полицијата.
Слично

Поврзани вести