Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува проектот за доделување на таблети за студентите

Стартува проектот за доделување на таблети за студентите

Означен е стартот на  проектот за доделување таблети на студенти

Според информациите кои ги изнесе министерот Ивановски ќе бидат доделени 12.000 ваучери за набавка на вакви уреди, што ќе биде од корист како за студентите, така и за развојот на економијата.

Компаниите кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат во министерството и да започнат со привлекување на студентите за искористување на ваучерите.

„Анализата која што ние ја имавме направено како Влада за тоа кои се цените и кои се таблетите што се најбарани минатата година, покажува дека сумата од 8000 денари е далеку подобра од она што беше најбаран таблет во цела 2014 година. Од А класа на таблети во Македонија во 2014 година беа увезени 15.000 таблети, а само со оваа програма која што ја има Владата на Република Македонија можеме да им понудиме 12.000 ваучери на студентите.„- истакна Ивановски.

 Ивановски очекува и пад на цените на таблетите бидејќи конкуренцијата во економијата ќе се раздвижи.

Слично

Поврзани вести