Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува патувањето во Косово само со лична карта

Стартува патувањето во Косово само со лична карта

Граѓаните на Македонија веќе можат да патуваат во Косово само со лична карта.

Двете земји денеска ќе го означат официјалното стапување во сила на меѓудржавната спогодба на своите влади, за условите за патување на државјаните  со лични карти.

Официјализирањето на спогодбата ќе биде на граничниот премин „Блаце“, каде што ќе присуствуваат заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков и заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа.

Ова ќе биде во корист на граѓаните и на бизнисите од двете земји.

Со биометриска лична карта, покрај во Србија и во Албанија, сега може да се патува и во Косово.

Слично

Поврзани вести