Стартува мониторингот на медиумите – ад хок телото на потег
Мониторингот на изборното медиумско претставување почнува од денеска.
Тој ќе се реализира според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека одлучила да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26 август 2016 година.
Во меѓувреме се комплетира и почна да работи и ад хок телото за медиуми, чиј мандат ќе биде до крајот на изборниот процес. Петтиот член на ова тело, Љуљзим Хазири беше избран со консензус по лидерската средба, откако немаше договор меѓу четирите членови за последниот член Албанец.
Хазири рече дека ќе работи за да телото покаже интегритет.
