Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер - „Брејнчајлд“ во Битола

Стартува фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер - „Брејнчајлд“ во Битола

На овој убав настан и би рекол на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто секогаш тоа што ќе се гради има зa цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола па и во целата држава. За мене претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам  со тие кои што нормално го градат. 

Ова го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на фабриката „Брејнчајлд“ во Битола.

- Денеска имаме приватна иницијатива, која што на почетокот на оваа влада започна со процесот на реализирање на оваа инвестиција. Еве, денеска сите сме сведоци, а и слушнавте од сопственикот на овој објект дека станува збор за една ретка инвестиција, за производи коишто кај нас не така често се користат, но во светот и те како се користат во делот на спортовите на вода.

Така што нас како Влада ни преставуваше особна чест и задоволство да можеме да подржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да подржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија - нагласи премиерот. 



Тој му се заблагодари на сопственикот за одлуката да инвестира, но и на градоначалникот и општинската администрација коишто помогнале на брза трака да се реализира оваа инвестиција. 

Инаку фабриката функционира во рамки на индустриската зона Жабени во Битола и се протега на површина од 3.500 метри квадратни. 

Во втората фаза во план е да се изгради уште една хала со дополнителни 2.500 метри квадратни.

Освен сериското производство во новоизградената фабрика во индустриската зона Жабени, лабораторијата во Битола ќе продолжи да функционира како центар за иновации, истражување и развој.

Брејнчајлд е компанија основана во Битола во 2020 година од Ралф Гросел – претприемач, иноватор и ентузијаст за адреналински спортови на вода и ветер. 

Ралф е креатор на брендот Брајнчајлд, кој е целосно посветен на воспоставување одржлив и еколошки одговорен производствен процес, со визија да се развие во оригинален производител на опрема (OEM) за спортови на вода и ветер, и тоа во Македонија.


Слично

Поврзани вести