Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува балканскиот конгрес за рударство во Охрид

Стартува балканскиот конгрес за рударство во Охрид

Охрид од утре до 21 септември ќе биде домаќин на петиот  Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине  2013“.  Над 300 учесници, експерти од 14 земји  ќе презентираат повеќе од 130  научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како  и примената на  најновите технологии  во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството  присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.

„Балканмине“ се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.

Главен покровител на „Балканмине 2013“ е  АД „Електрани на Македонија“,  а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери(ЗГРИМ) и  Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Слично

Поврзани вести