Старица му препишала на нејзиното куче имот од 2,5 милиони долари
Италијанка на 84 годишна возраст, целиот свој имот од 2,5 милиони долари му го препишала на нејзиното куче.
Таа живее со ќерка и неколку внуци, но сепак на тестаментот единствен наследник е нејзиното куче Кико. Тоа ќе наследи два стана, неколку имоти и повеќе сметки во банка.
Оваа вест ја соопшти и нејзиниот адвокат, кој рече дека тестамент го потпишала своерачно, набрзо по смртта на нејзиниот маж.
Инаку, во Италија оставањето имот на домашни миленичиња нема правна основа. Оние кое ќе сакаат да го направат тоа ќе треба да одредат извршител кој ќе биде должен да обезбеди квалитетен живот на миленичето.
Слично
