Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старите мобилни телефони, можност за одличен бизнис во Хрватска

Старите мобилни телефони, можност за одличен бизнис во Хрватска

Најголемиот дистрибутер на мобилните телефони во Хрватска „Мобис’“ договори соработка со британската компанија „Corporate Mobile Recycling“ (ЦМР) благодарение на која е овозможен извоз на стари телефони преку Велика Британија и Танзанија и други африкански, но и латиноамерикански и азиски земји.

Британскиот партнер има мрежа од девет европски земји и месечно откупува повеќе од 80 илјади дотраени мобилни телефони. Со тоа не само што се остварува заработувачка, туку се помага и во зачувувањето на животната средина.

Директорот на загрепскиот сервисен центар „Мобис електроник“ Жељко Павлаковиќ истакнува дека можноста за предавање на рециклање на мобилните телефони им ја нуделе исклучиво компаниите, а сега старите мобилни се откупуваат и од граѓаните.

Во Хрватска во моментов граѓаните користат над шест милиони мобилни телефони, а годишно на рециклирање се испраќаат само неколку десетици илјади мобилни телефони. Преостанатите воглавно се препродаваат, завршуваат во отпад или граѓаните ги користат како резервни апарати

Слично

Поврзани вести