Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старите членови на ВМРО ДПМНЕ: Груевски остана сам, против народот и сопартијците

Старите членови на ВМРО ДПМНЕ: Груевски остана сам, против народот и сопартијците
Не стивнуваат реакциите за настапот на  Никола Груевски   на одбележувањето на  26 годипшнината  на ВМРО ДПМНЕ. За едни  говорот на партискиот лидер  и екс премиер е очајнички обид  во заминување. Токму хаосот и безредието е ситуација која најмногу му одговара на Груевски сметајќи дека ќе се спаси за направените злодела и криминал за кој е осомничен.  Други пак,  препознaваат  сценарио  Македонија да ја снема . „По Пржинскиот договор  нема што да се каже. Многу омраза и зла крв се создаде.  Луѓето веќе не ги препознавам“, резегнирано одговара,  универзитетски професор  и  член на ГДОМ  кој не сака повеќе медиумски да се експонира. Пораките на Груевски - реална закана,  обид на заплашуавње или билдање на партискиот рејтинг? Поделени се мислењата меѓу неговите сопартијци и актуелни подржувачи кои  ги контактираме.  Горазд Чомовски “Секако дека изречените зборови се и реална закана и обид на заплашување и билдање на личен рејтинг. Оваа изречена закана е класичен сталинистички метод, последен пат употребен на овие простори во времето на Милошевиќ. Груевски очајно се обидува да активира приврзаници за одбрана на сторениот криминал”, оценува за Фактор проф. Јове Кекеновски. “Токму хаосот и безредието е ситуација која најмногу му одговара на Груевски сметајќи дека ќе се спаси за направените злодела и криминал за кој е осомничен. За ваква изречена закана во нормална држава каде јавниот обвинител се држи до уставот и законот ќе мораше да се покрене постапка за кривична одговорност за намерно предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост,закана и заплашување. Ова ДПМНЕ неможе да биде ВМРО ДПМНЕ од причина новодојдените вмроизирани структури ја обезличија партијата и идејата до непрепознатливост. Партиската врхшушка и останатите ,,натурализирани” вмровци го уништија концептот на политичкиот конзервативизам.и демохристијаството. Конзервативизмот секогаш се наоѓал на спротивната страна на  политичкиот и човечки цинизам, но денес токму лицемерието и цинизмот станаа наше секојдневие. Без срам се лаже и манипулира. Се повеќе индиции укажуваат дека сето ова што ни се случува со години наназад, (како на пример нескањето и спречувањето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ, намерното произведувањето домашни и странски непријатели, поделбатра на граѓаните, овозможување на егзодусот на стотици илјади млади граѓани заедно со енормното задолжување на земјата без да има развој), стои смислено сценарио за разнебитување на Македонија”, изјави Кекеновски. Наспроти неговата оценка дека повикувањето на народот е само уште еден кукавички обид на еден очајник, познат универзитетски професор кој припаѓа на ГДОМ, вели дека од минатата година е јасно промовирано денешното сценариото. “Немаме доволно државотворна маса и Република Македонија ќе замине во историјата.  По Пржинскиот договор  нема што да се каже, барем јас веќе ништо не кажувам. Многу омраза и зла крв се создаде. Ја сум чесен и хуман човек, си ја бранам татковината, бидејќи партии и лидери се менуваат, ама без држава сме раселени лица. Ниту имам пари, ниту резервна таковина и затоа се борам, ама доста ми е…“ Овој наш соговорник помалку резигрирано и апатично сега вели: “Јас моето го кажав Има помлади нека мислат. Повеќе немам намера да давам изјави околу изјавите на лидерите. Нека тераат како мислат. Луѓето веќе не ги препознавам .                               Доста ми беше да изигрувам Дон Кихот. Во Македонија има многу интелектуалци, не се само 10-тина па нека кажат и тие што мислат. Сепак се надевам дека вашите  деца и моите внуци ќе имаат татковина”. Очигледна е немоќта на врхушката и тоа се манифестира секојдневно. Протестот пред судот објаснува сe, објаснува Самоил Малчевски член на ВМРО ДПМНЕ. “Во ситуација кога во Скопје имате 10 општински и околу 400 месни комитети, чии раководства бројат околу 5000-6000 луѓе да носите луѓе со автобуси од градовите од внатрешноста од една страна, а да се заканувате со народ и бунт од друга страна е малку чудно. Врхушката е пред колапс и тоа е очигледно, веќе не се работи за ништо друго освен за лично спасување и избегнивање од одговорноста за се она што го правеа изминатите години. Тука би резимирал, зад врхушката веќе одамна не стои народ, како што тоа беше до 2009 година, а мислам дека и печалбарите дојдени во ВМРО ДПМНЕ веќе си го бараат чарето. Еден од влијателните организациони кадри во врвот на ВМРО-ДПМНЕ  Ден Дончев и   и   поранешен близок соработник  на  лидерот на најголема македонска партија  вели дека на “одбележувањето  на годишнината на партијата слушнавме директна закана од Никола Груевски за насилство против основното демократско право на мирни протести. Жално е што денес, покрај многумината други, жртва на тоталитаризмот воведен од Груевски, се токму и голем број од старите членови на ВМРО-ДПМНE”. линк за изјавата на Ден Дончев за Фактор.
Слично

Поврзани вести