Старец од Кичево изгорел во шумски пожар
Во атарот на селото Орланци е пронајдено телото на М.Т. (74) од Кичево, кој имал изгореници на главата, вратот, горните екстремитети и на десната нога, информира полицијата.
Два дена претходно тој заминал од Кичево во селото. На местото каде е пронајден старецот околу 10 часот настанал пожар на трева и нискостеблеста шума, по што околу 12 часот интервенирала екипа на локалната противпожарна единица. Човекот вчера е пронајден од членови на семејството. Телото е предадено на семејството за погреб.
Слично
