Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старата турска чаршија заживува во летниот период, Премиерот Груевски беше на ќебапчиња!

Старата турска чаршија заживува во летниот период, Премиерот Груевски беше на ќебапчиња!
Старата скопска чаршија особено заживува во летниот период кога е едно од омилените места за шетаање на скопјани и на туристите кои се наоѓаат во градот. Цените се пристапни, атмосферата убава, мултикултурализмот го краси духот во овој дел од градот. Тоа веројатно било причина премиерот Никола Груевски, придружуван од сопругата Боркица и нивните две малолетни ќерки, синоќа, да одседнат во една од кафеаните во Старата скопска чаршија, каде вечераа ќебапи. Претседателот на македонската Влада  со сопругата и ќеркичките Анастасија и Софија, најпрвин прошетаа околу новиот плоштад Карпошово востание, кое се наоѓа спроти црквата Свети Димитрија, а потоа се прошетаа по сокаците на чаршијата, каде вечераа. Старата скопска чаршија особено заживува во летниот период кога е едно од омилените места за шетаање на скопјани и на туристите кои се наоѓаат во градот. Цените во чаршијата не се повисоки од цените во остатокот од градот, па добра вечера за едно семејство е можна и за обичните граѓани, ако се земе предвид дека една порција ќебапи чини околу 120 денари, а за цена од 60 до 150 денари може да се добие и порција салата. фото Курир
Слично

Поврзани вести