Стапуваат на сила новите правила за означување на храна во ЕУ
Македонските компании кои вршат извоз на храна од земјава од 13 декември годинава ќе мора да ги почитуваат новите правила за прецизно осначување на храната кои важат на пазарите во Европската унија и кои имаат за цел на крајните корисници да им обезбедат детални и точни информации за содржината на храната што ја купуваат.
Со нив се предвидува на декларацијата јасно да бидат истакнати потеклото на прехрамбените производи, нутритивните табели, отстапките во нето тежината
Последните измени на европските правила во делот на означувањето на производите се обврска за операторите за подигнување на нивото на информираност на потрошувачите.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Комората на северозападна Македонија, во текот на ноември и декември, организираше осум работилници преку кои ги информираше операторите со храна за новините во означувањето кои се наложуваат од ЕУ.
Предвидено е наскоро да биде донесен нов Правилник за означување кој детално ќе ја уреди оваа област откако претходно европските новини ќе бидат инкорпорирани во Законот за безбедност и храна.
Новите одредби од Законот кои се однесуваат на означувањето, за домашните производители ќе почнат да се применуваат од 01 јуни 2015 година.
Слично
