Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стапува на сила: Од понеделник нема евтина руска нафта за Србија

Стапува на сила: Од понеделник нема евтина руска нафта за Србија

Од понеделник стапува на сила забраната на Европската унија за руска нафта, што значи дека Србија од 5 декември нема повеќе да ја добива, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ.

Со новиот пакет санкции за Русија од страна на ЕУ, забранет е увозот на руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф, што индиректно ја погодува и Србија, за која ќе нема исклучок.

Српските возачи веќе се во паника поради можното поскапување на горивата на пумпите. Но, како што посочи министерката Ѓедовиќ, Србија досега не увезувала големо количество нафта од Русија, туку повеќе од Иран и Казахстан. 

-По 5 декември, кога ќе стапи на сила осмиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација, ќе се обезбеди непречено снабдување со сите видови нафта достапни на слободниот пазар, со што ќе се одржи безбедноста на снабдувањето на рафинеријата во Панчево, смируваат од Министерството за рударство и енергетика за Нова.рс.



Слично

Поврзани вести