Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стапката на невработеност во Црна Гора изнесува 14,22 отсто

Стапката на невработеност во Црна Гора изнесува 14,22 отсто
Во бирото за труд во Црна Гора моментално се пријавени 32.983 граѓани, а стапката на невработеност во таа држава изнесува 14,22 отсто, соопштено е од Заводот за вработување. Најголема стапка на невработеност во Црна Гора од 32,7 отсто забележана е во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 отсто регистрирана е во август 2009 година. Од почетокот на годината Заводот евидентирал 2.042 нови вработени, а издадени се 4.230 работни дозволи на странци.
Слично

Поврзани вести