Стапката на невработеност во Грција достигна 27,2 отсто
Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна ново рекордно ниво од 27,2 проценти, соопшти грчката статистичка агенција.
Лани во декември невработеноста во Грција изнесуваше 25,7 отсто, а во јануари 2012 – 21,5 проценти.
Стапката на невработеност меѓу младите Грци на возраст од 15 до 24 години во првиот месец од оваа година достигнала 59,3 проценти.
Грција веќе шеста година се наоѓа во рецесија и опстојува со меѓунардона финансиска помош, за чија исплата земјата е должна да спорведува строги мерки на штедење.
Слично
