Стапката на невработеност намалена, најтешко се вработуваат лица од 25 до 49 години
Според најновите податоци на Заводот за статистика невработеноста е сведена на 24% што е подобрување од 05% во однос на истиот период лани за вториот квартал во 2016-та. бројот на активното население во Република Македонија кое работно способно изнесува 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, додека пак 227.702 лица се во потрага по работа и се невработени.
Најголема потешкотија да најдат работа имаат лицата од 25 до 49 години и фрапантни 145.976 од нив се без работа. Околу 40 илјади невработени се млади лица на возраст до 24 години.
Мал пораст има и во стапката на вработеност која изнесува 42.9%. Во Македонија има и околу 100 илјади лица кои не се вработени, ниту пак се дел од активната работна сила која учестува на пазарот на трудот. Стапката на активност во овој период изнесува 56.5%.
Слично
