Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стапката на невработеност достигна нов рекорд во Италија

Стапката на невработеност достигна нов рекорд во Италија

Стапката на невработеност во октомври достигна нов рекорд во Италија, со повеќе од 13 одсто активно население без работа.

Ова е највисоката стапка на невработеност регистрирана од следењето на месечните (2004) и тримесечните (1977) статистики.

Во пораст е за 0,3 одсто во однос на септември, и 1 одсто во периодот од година дена. Оваа стапка исто така е и благо повисока во однос на економските предвидувања (12,9 во однсо на 12,5 одсто.)

Бројот на лица во потрага по работа во Италија достигна 3,41 милиони во октомври, што е пораст за 2,7 одсто месечно и речиси 10 одсто во периодот од година дена.

Стапката на невработеност меѓу младите од 24 години, меѓу највисоките во Европа, достигна 43,3 одсто и е во пораст за 0,6 одсто во однос на септември и 2 одсто за цела година.

Според Евростат, Италија е земјата во ЕУ во која стапката на невработеност во октомври најмногу пораснала.

 
Слично

Поврзани вести