Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стапија на сила новите санкции на ЕУ, Русија најавува контрамерки

Стапија на сила новите санкции на ЕУ, Русија најавува контрамерки

Европската унија додаде уште 19 лица, вклучувајќи пет од Украина, на својата листа личности на кои им се применуваат санкциите поради постапките поврзани со борбите на истокот од Украина.

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „адекватно“ ќе одговори на новите санкции, додавајќи дека усвојувањето на тие мерки нема да помогне во решавањето на судирите во Украина.

На проширената листа која е објававена денеска, недела дена откако министрите за надворешни работи донеле одлука за неа, се наоѓаат и девет институции а од важните личности-двајца заменици на руското министерство за одбрана и шефот на главните операции на генералштабот на руската војска.

Паузата од недела дена настанала поради преговорите кои во четвртокот доведоа до спогодба на Украина и Русија и примирје на бунтовничкото подрачје Донбас. Прекинот на огнот стапил на сила вчера,  но двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.

На листата се помошниците министри за одбрана на Русија Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов поради учество во „распоредување на руски трупи во Украина“, се наведува во официјалниот весник на ЕУ.

Тука е и заменик началникот на рускиот генералштаб, шефот на главните операции Андреј Картаполов, бидејќи „активно допринел на разработка и изведување на акции“ на руските сили во Украина.

Со најновото проширување , на санкционираната листа се наоѓаат 151 личности и 37 институции. На физичките лица им е забрането да патуваат во земјите на Европската унија и им се замрзнати средствата на териториите на нејзините членки.

Одлуката на ЕУ да ја прошири листата на санкции против Русија е посебно апсурдна, ако се земе предвид постигнувањето на договорот од 12 февруари во Минск, наведуваат од руското министерство.

Москва е изненадена и збунета од воведувањето на новите санкции, се наведува во соопштението, во кое е истакната неконзистетноста на одлуката на Брисел.

Слично

Поврзани вести