Економија, финансии, бизнис

Контакт

Станува ли дрогата број 1 извоз на Албанија?

Станува ли дрогата број 1 извоз на Албанија?

Цвета албанскиот нарко пазар. Според податоци на Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминал Албанија е држава со најевтина дрога и најголем потенцијал на корисници во регионот.

Според нивните податоци, на пазарот на наркотици иако станува збор за нелегална трговија, владејат економски закони на понудата и побарувачката – колку е поголема понудата цените се пониски.

Податоците укажуваат дека Албанија има најниски цени во регионот за хашиш и кокаин.

Според подаотците на ОНОДЦ, цената на кокаин во Албанија е просечно 80 долари додека просекот за регионот е околу 100 долари. Дури и канабисот е поевтин од другите држави во регионот – еден грам марихуана може да се добие за само пет долари додека истата количина, на пример, во Црна Гора е 26 долари.

Експертите кои работеле на тоа истражување нагласуваат дека Албанија е место на потекло на канабис и транзит држава за кокаин. Најголем дел наркотици се префрлаат во држави од Европа, но одредена количина останува во земјата што ја зголемува понудата и со тоа се намалуваат и цените.


Слично

Поврзани вести