СТАНОВИТЕ ВО ПАРИЗ ПРЕСКАПИ: Кој и зошто ги купува?
Цените на недвижнините во главниот град на Франција, Париз уриваат рекорди.
Според одделни статистики, во првиот квартал од годинава цените на изградените станови во Париз пораснале за 5,5% на 8.450 евра за квадратен метар.
Се очекува вториот квартал од годината да биде подобар во однос на висината на цената на недвижнините во овој град. Се предвидува тогаш да биде забележан и нов раст на цените на 8.800 евра за квадратен метар. Во градските квартови или арондисманите цените на становите чинат над 11.000 евра за квадрат.
Најчести купувачи на станови во Париз се Италијанците и Британците кои по Брегзит бараат недвижнини во ЕУ.
Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17% во вкупниот број продадени недвижнини, додека Британците се на второ место со удел од 9%.
Претходниот рекорд во висина од 8,460 евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.
