Економија, финансии, бизнис

Контакт

Становите уште поскапи во втората година од корона-кризата

Становите уште поскапи во втората година од корона-кризата

Цените на становите се уште повисоки во втората година од пандемијата. Народна банка објави дека метар квадратен е поскап за 3,2 проценти во првиот квартал во 2021 во однос на истиот период лани.

Градеќниците велат дека сега просекот на цените се движи од 1.150 до 1.200 евра за метар квадратен, но и дека се уште има населени места со станови од 750 до 800 евра. Најголема причина за растот на цените на пазарот на недвижнини се скапите метали на светските берзи. Најмногу се бараат оние од 50 до 80 метри квадратни.

Пред една година Народна банка објави дека становите во првото тромесечие од 2020  поскапеле само за 1,7 проценти. 

Слично

Поврзани вести