СТАНОВИ: Се продаваат три до четири пати повеќе од она што се гради
Голем интерес има за купување станови во српската престолнина.
Во Белград годишно се продаваат три до четири пати повеќе станови отколку што се градат.
Повеќе се купуваат во кеш отколку на кредит.
Директорот за маркетинг и продажба во консултантската куќа за недвижности ЦБС Интернационал, Мина Калезиќ вели дека во Белград годишно се градат од 3.000 до 5.000 станови, а се продаваат од 11.000 до 14.000 станови.
„Најголем интерес има за становите со добра локација, квалитет и цена“ - вели таа.
Додава дека домашните и странски инвеститори посветуваат внимание на овие елементи.
Слично
