Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАНОВИ: Понудата голема, интензивно се гради, а цената „бетонирана“

СТАНОВИ: Понудата голема, интензивно се гради, а цената „бетонирана“

Во главниот град станови никнуваат како печурки. Интензивно се гради и пкрај големата понуда која ја има во моментов.

Кога има голема понуда, вобичаено е цените на становите да паднат, но кај нас ова правилно изостанува.

Во мајскиот извештај на НБМ цените на становите дури забележаа скок од 3,1 .

Градежниците пак велат дека наскоро нема да има промени во однос на цените на пазарот на недвижнини.

И инвеститорите велат дека цените ќе останат стабилни, без да бележат пад.

Сопственикот на „Настел Тафталиџе“, објект кој е во изградба укажува дека цените ќе останат забетонирани, посебно онаму каде што најмногу се гради.

„Цените на становите ќе останат стабилни, но нема да се намалуваат, особено во населбите кои најмногу се бараат“, посочува Зоран Азманов, сопственик на „Настел“.

Оправдувањето за високи цени на становите се наоѓа во целосно енергетски ефикасни објкети.

Градежниците велат дека за такви објекти инвестицијата е поголема, но  но поисплатлива, како за инвеститорот, така и за граѓаните, чија потрошувачка на струја е помала во однос на останатите.

Слично

Поврзани вести