Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стандард и Пурс: Во 2020 година невработеноста ќе изнесува 21,5%

Стандард и Пурс: Во 2020 година невработеноста ќе изнесува 21,5%

Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија.

Од кредитната агенција оценуваат дека во економијата има позитивни трендови и изразуваат очекувања дека невработеноста ќе продолжи да опаѓа, а носител на економскиот раст ќе бидат слободните економски зони. Очекуваат во 2020 година невработеноста да изнесува 21,5%.  Агенцијата забележува дека државниот долг иако е пораснат, може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг. Оттаму како најголема закана за македонската економија ја гледаат политичката криза.

Од Стандард и Пурс сметаат дека дека политичката ситуација станала уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016 година. Според нив, дури и да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси.

Во февруари годинава и кредитната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, наведувајќи дека согласно економските перформанси, Македонија заслужува повисок рејтинг од сегашниот, но поради политичката криза не можат да дадат повисок рејтинг.

Слично

Поврзани вести