Стандард и Пурс: Договорот за името и очекуваните тензии нема да го намалат рејтингот на Македонија
Интернационалната агенција Стандард и Пурс соопшти дека кредитниот рејтинг и економската перспектива на стабилност и раст не се загрозени во Македонија ниту краткорочно ниту долгорочно со постигнувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина за промена на уставното име и политичките тензии што се очекуваат да ги следат наредните чекори во процесот на решавање на овој децениски спор, пренесува SeeNews.
Според Стандард и Пурс, нема да има дополнително влошување на економската стабилност поради придобивките што ќе следуваат за земјата што ќе ги добие како признание од меѓународната заедница за успешно постигнатиот договор и наоѓање решение за името, вклучувајќи го и датумот за преговори со Европската инија. Агенцијата за кредитен рејтинг ова тврдење најмногу го базира на искуството со другите земји од регионот, а најмногу кај Црна Гора и Србија, кои во годините кога добија датум за преговори со ЕУ забележаа напредок и на економски план.
- Очекуваме напредокот да биде постепен, а придобивките да се забележуваат на долг рок - гласи во извештајот на Стандард и Пурс.
„сметаме дека неколку чекори треба да бидат завршени, пред целосно да се постигне ефектот. Овдека се вклучени промената на амандманите во уставот на земјата, како и ратификацијата на договорот од страна на двата парламенти. Ова треба да се случи во наредните неколку месеци“, забележува Стандард и Пурс.
Стандард и Пурс неодамна го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ – со стабилен изглед.
„Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото зголемување на јавниот долг и внатрешната политичка несигурност што се предвидува во следните 12 месеци од една страна и поволните економски изгледи од друга страна“, дополнува агенцијата.
Македонското БДП во првиот квартал од 2018 изнесуваше само 0,1 проценти економски раст, нешто слично како и целокупната 2017-та, што се верува дека најмногу се должи на постојаноста на политичката криза во земјата.
Александар Кузмановски
