Стандард енд Пурс го намали кредитниот рејтинг на Бугарија
Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд пурс го намали долгорочно и краткорочно кредитниот рејтинг на Бугарија во странска и во локална валута за еден степен од БББ/А-2 на БББ/А-3, со стабилна перспектива, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за финансии.
Kако главна причина за ревизијата на рејтингот e нестабилноста на политичката ситуација.
Според Стандард енд Пурс сегашната политичка ситуација продолжува да претставува предизвик за спроведувањето на потребните реформи за справување со долгорочните институционални и економски проблеми и го поткопува растот.
Како главен индикатор за недоволен раст е посочен просечниот економски раст за периодот 2010-2013 година, кој е оценет на под еден процент.
Слично
