ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стан од 6 квадратни метри во Нови Сад има цена што ќе ве шокира

Стан од 6 квадратни метри во Нови Сад има цена што ќе ве шокира

Во најмалиот стан во Нови Сад во Србија од шест квадратни метри, кој се наоѓа во центарот на градот на улицата Петар Драпшина, на таванот има соба и бања. Според пресметката, квадратот чини 4.550 евра, што го прави еден од поскапите имоти, кој, судејќи според истакнатите фотографии, бара дополнителна инвестиција.

Во Петроварадин се нуди гарсониера од 12 квадратни метри и чини 32.000 евра. Во огласот се наведува дека станот е реновиран и се наоѓа веднаш на влезот во Петроварадин, а дека греењето е преку инвертер клима уред, пишува Дневник.

Најскапиот стан од најмалите, кој е со површина од 20 квадратни метри, е во близина на Спенс, а цената достигнува вртоглави 70.000 евра, односно по квадрат цената е 3.500 евра.

Огласени се дополнителни шест станови со површина од 20 квадратни метри, во центарот на градот и на Лиман, а цената е од 63.000 до 69.000 евра. Становите се ненаместени и новоизградени.

ad
Слично

Поврзани вести