Стамов: Резултатите се негативни, бебето од Дојран нема Зика
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, на неговиот Фејсбук профил објави дека бебето за кое имаше сомневања дека е инфицирано со вирус Зика, нема такво заболување.
„Убава вест стигна денес. Семејството на бебенцето од Дојран радосни, ми јавија дека резултатите за Зика се негативни. Нема ниту микроцефалија. Стресот што им го предизвикаа некои педијатри со интуиција, е зад нив. Да се живи и здрави, среќни и весели“ - напиша Стамов на Фесјбук.
За бебето старо околу три месеци, поради големината на черепот се јави сомнеж дека е можно да е заразено со Зика. Мајката престојувала во Грција во текот на бременоста и била касната од комарец, со што се создаде паника дека вирусот веќе го има во Македонија.
Слично
