Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стајн за РСЕ: Разочарувачко е рангирањето на Македонија!

Стајн за РСЕ: Разочарувачко е рангирањето на Македонија!

Сакаме да видиме на пример антикорупциската комисија да има доволно ресурси и персонал за да може активно да го исполни мандатот и да се бори со корупцијата. На пример нема доволно случаи кои стигнале до обвинителството и нема случи кои се процесирани, а се однесуваат на корупција што е невообичаено во споредба земјите од регионот, вели директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето според неговото досегашно искуство во соработка со училиштата и институциите, кои се најслабите алки во овој процес на кои треба да се работи повеќе, Стајн вели дека секое мултикултурно и мултиетничко општество, се соочува со предизвикот да создаде мост меѓу етнички поделените, да ги зближи етничките групи. Тоа е вистината тука, а така е и во мојата држава, САД. Тоа секогаш е предизвик. Мислам дека има повеќе напредок тука, отколку во очите на она што се случува на локално ниво, во училиштата како што посочивте. Ние имаме проект за меѓуетничка интеграција во образованието на кој се работи практично во речиси сите училишта во Македонија. Се создаваат услови за етничките групи да се разберат, да комуницираат, да ја разберат и ценат различноста, исто така тоа е проект кој што има голема поддршка од владата на Македонија, соработуваме блиску со министерството за образование и наука. Тие исто така вложија од својот буџет во дел од активностите што ги спроведуваме. Секое училиште во програмата има тим за интеграција, во кој се вклучени учители, училишни администратори, родители, кои ги идентификуваат приоритетите, ги идентификуваат активностите коишто може да бидат понудени во училиштата и вон-наставни активности. Тука се и партнерствата меѓу училиштата и нивните заедничките активности меѓу две различни училишта кои се или мултиетнички или моноетнички. Така што, на локално ниво постојат многу можности за учениците, родителите и учителите да работат заедно. Ние исто така спроведуваме и многу обуки на учители и администратори во училишта за тоа како да работат во мултиетничка околина и како да ја подобрат. Ние гледаме ветувачки активности во оние области каде што различни етнички групи ќе бидат во иста училница и да работат заедно, како на пример часовите по англиските се добар пример за тоа, часови за компјутери, спорт и многу слични активности.

УСАИД инвестира многу пари во слобода на медиуми во Македонија. Колку сте задоволни од резултатите, имајќи го на ум податокот дека на ранг листата на Стејт Департмант и на многу меѓународни новинарски асоцијации, македонското новинарство е речиси на дното?

Разочарувачко е рангирањето на Македонија. Се разбира дека сакаме да видиме подобрување на тие рангирања. Ние сметаме дека независноста на медиумите е многу важна, тоа е основа на плуралното демократско општество. Слободата на изразување во САД е првиот амандман во Уставот со кој се штити слободата на изразувањето. Очигледно е дека ние сметаме дека е многу важно граѓаните да имаат пристап до различни мислења, да можат сами да донесат заклучоци во врска со настани и она што се случува. Така што важно е, ние како УСАИД имаме проекти за медиуми за поддршка на разни медиумски организации, имаме програма што подржува истражувачко новинарство, за кое мислиме дека е многу важно за сите влади и овде и во останатите земји каде што работиме даваме поддршка на веб страна која служи како сервис за проверка на факти, кој анализира извештаи, споредува со меѓународно прифатени стандарди во новинарството и посочува на што треба да се работи за да се подобрат извештаите. Ние поддржавме организација која ја разгледуваше законската рамка за медиумите и новинарите, да им помогне да се зајакне колку што е можно повеќе таа законска рамка, да ја заштити независноста на медиумите, слободата на изразување и работата на новинарите.

Целото интервју прочитајте го тука.

Слично

Поврзани вести