Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАБИЛНОСТ: Првиот човек на Алкалоид повторно купи акции во компанијата

СТАБИЛНОСТ: Првиот човек на Алкалоид повторно купи акции во компанијата

Живко Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид купи 500 обични акции во друштвото, известија од компанијата. 

Муакетов е претседател на Управниот одбор на Алкалоид, на чело на една од најуспешните македонски компании, а стекнувањето на акциите е уште еден позитивен сигнал за инвеститорите, атрактивноста и за успешноста на компанијата. На крајот на мај годинава тој исто така купи 500 акции. 

Алкалоид лани оствари добивка од близу 19 милиони евра, што е раст од 15 отсто во однос на лани. Во текот на минатата година реализирани се и 210 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е исто така за 9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. 

Добрите показатели продолжија и годинава. Во првите три месеци Алкалоид има двоцифрен раст на добивката, консолидирани продажби од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и инвестиции од над 178 милиони денари. Остварената добивка по трошоци изнесува над 5,6 милиони евра.



Слично

Поврзани вести