Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стабилна стапката на невработеност во еврозоната – 11,5 одсто

Стабилна стапката на невработеност во еврозоната – 11,5 одсто

Стапката на невработеност во еврозоната остана стабилна во септември и изнесува 11,5 одсто, соопшти вчера Заводот за статистика Евростат.

Во септември имало 18,34 милиони невработени во зоната на еврото, односно 19.000 помалку од август, а во септември минатата година стапката на невработеност била 12 одсто.

Тој процент варира - во Германија и Австрија е најмала стапката на невработеност - 5,0 и 5,1 одсто, а во Грција и Шпанија е најголема - 26,7, односно 24 одсто невработени од вкупното работноспособно население.

Состојбата се влошила во Финска каде стапката на невработеност скокнала од 8,2 на 8,7 одсто и во Франција од 10,3 на 10,5 одсто.

Во цела Европска унија, невработеноста изнесува 10,1 одсто, што значи 24,51 милиони невработени.

И.Р

Слично

Поврзани вести