Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССНМ: Студентскиот пленум не треба да се откажува од досегашниот начин на борба

ССНМ: Студентскиот пленум не треба да се откажува од досегашниот начин на борба
Иако надлежните се оглушуваат на аргументите од студентите и бегаат од соочувања со нив Членовите на Студентскиот пленум не треба да се откажуваат од досегашниот начин на борба, мирно и аргументирано да ги соопштуваат ставовите. Ова е ставот на ССНМ кој во знак на поддршка ги повика своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност да ја искажат со тоа што ќе им се придружат на студентите и професорите кои ќе протестираат, а при информирањето ќе се придржуваат на професионалните принципи. Според ССНМ борбата на студентите е автентичен изблик на студентско самоорганизирање насочен против државниот испит во високото образование, кој власта се обидува да го наметне набрзина и без јавна дебата. „Членовите на Студентскиот пленум не треба да се откажуваат од досегашниот начин на борба, мирно и аргументирано да ги соопштуваат ставовите, иако властите се оглушуваат на нивните аргументи и бегаат од соочувања со студентите.ССНМ ги повикува своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност да ја искажат со тоа што ќе им се придружат на студентите и професорите кои ќе протестираат, а при информирањето ќе се придржуваат на професионалните принципи, ќе ја одбијат наметнатата пропаганда која се коси со професионалната етика и ќе се борат против цензурата и автоцензурата со која се соочуваат во своите редакции“, се вели во соопштението од ССНМ.
Слично

Поврзани вести