ССНМ повика на протест против придонесите за хонорари
Потписниците на Повелбата за солидарност, поддржани од голем број организации и поединци решија да дигнат глас и да кажат „НЕ ЗА ПРИДОНЕСИ“ за авторските и договорите на дело, и најавија дека ќе протестираат поради, како што велат, лажните социјални мерки кои ќе ги остават хонорарците со 35 отсто помали примања, без перспектива за вработување и без загарантираните права од Законот за работни односи.
„Ако ви е добро, ако ви е ладно, ако ве мрзи – тогаш седете си во топлите редакции, додека можете и имате каде да седите, нема да помине многу – ќе се затворат и она малку критички медиуми, а осилените од реклами подуени „менаџери“ во оние другите на крај ќе ви бараат вие да им плаќате за да работите, оти главните текстови таму и така новинари не ги пишуваат, а вас ќе ве бркаат како вишоци без многу мака со телефонски пораки и мејлови.Оти им се може, оти сите ќе станете хонорарци“, се вели во повикот за протест објавен на веб страната на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
„Новинари, хонорарци и остали! Сега мора да покажеме дека се спротивставуваме. Ова сите не засега! Затоа, во понеделник (22 декември) во 12 часот се чекаме во Жена парк во Скопје! Облечете се добро (ќе студи), вооружајте се со упорност, победете ја малодушноста и дојдете!„, се вели во повикот за протест.
Слично
