Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ: Законот за мобинг да биде донесен по изборите

ССМ: Законот за мобинг да биде донесен по изборите
Предлог законот за мобинг инициран од Сојузот на синдикати на Македонија се очекува да биде усвоен по завршувањето на локалните избори во државата. Текстот на законот веќе е разгледан и прифатен од страна на Економско-социјалниот совет на неговата последна седница. Според претседателот на ССМ Живко Митревски, законот ја разработува целокупната постапка за утврдување на мобинг, како и санкциите што би следувале доколку се утврди ваквата појава. - Она што досега претставуваше најголема тешкотија е тоа што имаше само еден член за мобинг вграден во Законот за работни односи. Тој не беше доволен, бидејќи во него не се дефинирани правата и обврските на работодавачот и работникот во текот на утврдувањето на постапката. Значи, досега не постоеше постапка на кој начин ќе биде утврден мобингот во претпријатието, изјави Митревски пред денешната промоција на книгата „Што постигнавме-програмски потврди“. Тој најави и иницијатива за измени на Законот за работни односи во делот на колективното договарање. Ќе бараат задолжително спроведување на колективните договори и зголемување на санциите доколку не се реализираат овие договори. - Побаравме анализа за спроведувањето на колективното преговарање. Наша оценка е дека не е доволно само да се потпише колективниот договор, туку потребно е тој да се имплементира. Од тие причини ќе побараме комплетен извештај за спроведувањето на колективните договори и од наша страна најверојатно ќе следи активност за измена на Законот за работни односи во делот на задолжителната обврска да се спроведуваат колективните договори и барање за зголемување на санкциите, рече Митревски. Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја промовираше книгата „Што постигнавме – програмски потврди“ која претставува осврт на сето она што е сработено во изминатиот период.  
Слично

Поврзани вести