Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ задоволен од протестот: Присуство на десетици илјади граѓани

ССМ задоволен од протестот: Присуство на десетици илјади граѓани

Сојуот на синдикати на Македонија изрази задоволство од вчерашниот протест во Скопје на кој уште еднаш беше побарана минимална плата од 600 евра и со тоа зголемување на сите останати плати за 100 евра.
„Десетина илјади работници вчера излегоа на голем работнички протест заесно со Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата и за зголемување на работничките плати.

Работниците покажаа дека не потпаѓаат под притисокот, заканите и уцените за да бидат спречени во нивната борба за зголемување на нивните работнички плати.

Наместо да ја зголемат минималната плата тие го зголемуваат притисокот кон работниците се со цел работниците да се откажат и да се помират со мизермите плати и мизерниот работнички стандард“, објави ССМ.

Од таму дополнуваат дека поддршка пристигнала и од најголемата Конфедерација на синдикати во светот, а Генералниот Секратар Лук Триангл испратил писмо до Владата и Собранието во кое покрај другото се цели:

,,Ви пишувам во име на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), која претставува 191 милиони работници во националните синдикални централи во 169 земји, вклучително и во Северна Македонија, за да ја изразам нашата сериозна загриженост во врска со неодамнешните извештаи за кампањи, а се со цел клеветење како обид да се оштети или доведе во прашање угледот, а целосно насочени кон синдикатите како и извештаи за незаконскиот надзор на синдикалните лидери и членовите на нивните семејства.

Длабоко сме загрижени од ваквата дизајнирана тактика и креирана само за да се меша во фундаменталното право на работниците да се здружуваат и организираат, и со цел да се поткопа способноста на синдикатите ефикасно да спроведуваат легитимни активности и тоа со користење на кампањи преземени од политичари за надзор, оцрнување и осуда, особено кога се прават и инсинуации за некакво неправилно однесување од страна на членовите или лидерите на синдикатот, а сето тоа во контекст на спорот во областа на трудот кој постои."

Најавена е и посета на ССМ и Македонија од страна на првиот човек на Светското синдикално движење, Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл


Слично

Поврзани вести