Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ: За работа во недела дневниците се зголемуваат за 50 отсто, ќе следува друг неработен ден за работникот

ССМ: За работа во недела дневниците се зголемуваат за 50 отсто, ќе следува друг неработен ден за работникот

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека е задоволен од вчерашната седница на економско социјалниот совет на која се разгледуваше драфт текстот за законското решение за "недела неработен ден" што го предлага Владата.

- Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата и барањето на ССМ – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор“.

Социјалните партнери се согласија дека за нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат, објави ССМ.

Според првичниот предлог за законското решение, во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка, а од ССМ додаваат дека дневницата за работа во недела ќе се зголеми за 50 отсто.

- За работниците во дејностите кои ќе припаѓаат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори најмалку за дополнителни 50 % на дневницата и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор, а ССМ укажува дека тој ден треба да биде или денот кој му предходи или му следи на денот недела се со цел да се намалат злоупотребите што се случуваат сега кога на некој работници денот на неделен одмор (недела) им паѓа во среда или во други денови во неделата, откриваат од синдикатот.

Дарко Димовски, претседателот на ССМ, го поздравува пристапот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и советникот за труд и социјална политика во Владата Милан Живковиќ, кои според него, размислувале како работници и упати благодарност за разбирањето до бизнис-коморите.

Слично

Поврзани вести