ССМ: Вработени во Водовод Скопје стравуваат дека директорот може физички да ги нападне
Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побараа помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности дека директорот Марјанчо Митовски.
Според ССМ, има јавно објавени документи дека, како што велат од таму, нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна, и според тоа, може да ги нападне на нивните работни места.
Конфликтот на релација Митовски и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, трае веќе неколку дена. Од здружението на синдикат велат дека Митовски може да биде опасен, посебно сега кога донел незаконски решенија за прераспоредувања.
„Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за предострожност да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба.
Вработените во водовод кои мексимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа.
Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто, дали Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение“, се вели во соопштението.
Митовски претходно демантираше дека лежел затвор и дека постои таква пресуда, како и дека Димовски е фрустриран поради одземените привилегии на одземањето на неговата сопруга Лила Димовска која е вработена во ЈП Водовод и Канализација.
