ССМ утре ќе протестира пред МТСП
Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица.
„Согласно Одлуката на Штрајкувачкиот одбор - Претседателството на ССМ на 28.06.2022 година од 10 часот до 13 часот ќе застанеме на платото пред Министерството за труд и социјална политика“, велат од ССМ.
Синдикалците кои денеска беа на блокадата во Автокоманда велат дека вештината на работникот и капиталот мора да бидат изедначени. Бараат повисоки плати за 2.800 денари.
Слично
