Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ, СУТКОЗ и УПОЗ со градоначалникот на Струмица договорија покачување на плата

ССМ, СУТКОЗ и УПОЗ со градоначалникот на Струмица договорија покачување на плата

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, претседателите на синдикалните организации во Општина Струмица и Јавните комунални претпријатија денеска имаа средба со градоначалникот на Општина Струмица , Костадин Костадинов. 

Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија за 2806 денари во нето износ. 

Тој истакна дека во овие сложени услови за работа и на општината и на јавните претпријатија им е тешко да работат, но најтешко им е на работниците на кои треба да им се помогне кога им е најтешко.

„Претседателите на СУТКОЗ и УПОЗ, Димовски и Деаноски изразија задоволство од постигнатите решенија и потпишаните Колективен договор и спогодби. Со потпишување на Колективниот договор во Општина Струмица  помеѓу Градоначалникот, Костадинов и Претседателот на УПОЗ, Деановски, и потпишаните спогодби помеѓу Директорите и Претседателот на СУТКОЗ и Претседателите на синдикалните организации, платите на сите вработени во Општина Струмица, ЈКП Струмица, ЈПЕД Струмица гас, ЈП Паркиралишта Струмица, ЈПКД Комуналец Струмица се зголемуваат за 2806 денари во нето. Во јавните претпријатија согласно потпишаните спогодби, ќе се склучат и Колективни договори на ниво на работодавач со кои ќе биде регулирано ова право“, велат од ССМ. 

Примерот на Општина Струмица е најдобриот пример кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што во исти ден се потпишаа сите потребни документи, Колективен договор  и спогодби,  за да се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог.

Слично

Поврзани вести