Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ побара за 800 денари поголем минималец од тој што го најави Заев

ССМ побара за 800 денари поголем минималец од тој што го најави Заев

Само неколку дена откако премиерот Зоран Заев најави дека од 1 јули минималната плата ќе се зголеми од 12.500 на 13.000, се огласи Сојузот на синдикатите на Македонија од каде што побараа тој да изнесува 13.800.

-ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Ова барање од ССМ веќе го доставиле до Владата и Министерството за труд и социјална политика бара зголемување на Минималната плата на 13.800,00 денари. Во меѓувреме стопанствениците и работодавачите реагираа дека не постои гаранција дека подигнувањети на границата на минималната плата ќе повлече спирала за покачување и на повиоските лични доходи и дека може да се направи контраефект Инаку Заев најави дека до крајот на мандатот минималецот ќе биде 16.000 денари.

Од Синдикатот ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат работодавачите кои го прекршуваат Законот до Синдикатот или Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, а уште повеќе што, како што потенцираат, и од Владата велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата.


Слично

Поврзани вести